Балкан

1.182 евра изнесува просечната плата во Загреб – но, кој сектор зема уште поголема?!

1.182 евра изнесува просечната плата во Загреб – но, кој сектор зема уште поголема?!

Просечната нето-месечна плата што ја исплатиле компаниите во Загреб во мај изнесувала 8.863 куни (1.182 евра), што е зголемување за 7,4 отсто во споредба со мај 2021 година, покажуваат податоците на градското одделение за стратешко планирање и развој, цитирани од Хина.

За споредба, просечната нето плата во земјава е 7.690 куни (1.025 евра).

Највисока просечна нето плата е исплатена во секторот вадење нафта и гас – 15.851 куни (2.113 евра), а најниска е исплатена во секторот за производство на кожа – 4.883 куни (651 евро), пренесува БТА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни