Македонија

10. ден протести против францускиот предлог, говореа новинари, јутубери, текстописци

10. ден протести против францускиот предлог, говореа новинари, јутубери, текстописци

Македонски новинари, јутубери, текстописци, студенти беа само дел од лицата кои вечерва пред македонското собрание одржаа говори во знак на како што велат тие заштита на македонскиот јазик и идентитет.

„Ни велат овие од преку пат овде и таму од „Илинденска“ дека било тешко и дека немало алтернатива. Вие знаете дека секогаш има алтернатива. Зарем Питу Гули имал алтернатива во 1903-тата. Зарем Гоце Делчев имал алтернатива? Зарем Михајло Апостолски имал алтернатива кога се борел со бугарските фашистички окупатори овде во Македонија? И точно една работа дека нема подобар предлог од овој што сега ни се нуди, но само додека е оваа Влада на власт, само дотогаш нема подобра алтернатива“, истакна новинарот Горан Момировски на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.

На сцената се појави и јутуберот Стефан Лазаров. Тој упати обраќање на младите „кои не се тука меѓу нас, кои се дома и ги следат овие протести и кои велат дека ако се присутни тука дека нема ништо да решат“.

„Не е така, сите ние треба да станеме да се бориме за нашата држава. Ова се историски моменти и во вакви моменти не смееме да бидеме кукавици. НЕ за бугаризација, НЕ за француски предлог“, рече Лазаров.„Додека својот народ е излезен, па и нивниот народ ние сме Македонци е излезен на улица па беше и каменуван, тепан  а тие седат во фотелја. Сакам да ги прашам како ќе се погледнат во огледало кога ја ставаат својата држава на маса и преговараат? Македонија не е за преговарање, треба да знаат дека тука сме со една иста цел и сите имаме ист став а тоа е НЕ, НЕ, НЕ“, кажа Лазаров.

На бината пред Собрание се појави и авторот на песната „Заветна“ Ѓорѓи Барбаровски  која е химна на овие протести.

„Пред 30 години го напишав мојот завет што вие овие денови го пеете.  Негде ќе те премолчат, негде ќе те сокријат, гроб со гроба ќе покријат, само ти си бесмртна, жива водна подземна, кај што тонеш ти извираш. Може да те одречат, може да те предадат, може сешто да измислат само ти си бесмртна, жива вода подземна, кај што тонеш ти извираш. Векови пеколни заедно ќе минеме, древно земјо македонска, така пишано ништо да не бидеме ти без мене јас без тебе, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни