10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

На денешен ден пред 10 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда… со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за песна и дружба и секогаш подготвен да им помогне на сите… Гоце Арнаудов.

Неговите песни се пееја, се пејат и ќе се пејат, тој на секоја песна и даваше душа и ја пееше од душа и со неговата интерпретација беше и ќе остане незаменлив. Тој голем човек на македонскиот народ му го остави своето најголемо богатство, своите песни.

Една од последните негови песни е темата „Песно моја“ во која тој пее:

Песно моја биди жива

Кога мене ќе ме нема

Кога ќе се јавам јас пред Бога

Може лесно да ме бришат

Можат грешки да ми пишат

Но, сведок ти ќе останеш.

Без сомнение песните кои ги отпеа со многу љубов, ќе продолжат да живеат и ќе бидат сведок за еден голем човек и пејач со неверојатна енергија.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Уште на десетгодишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а речиси на сите фестивали ги освојува првите места.

Во 1994 година на Фолк Фест „Валандово“ со песната „Дали чекаш стара мајциче“ ги освојува сите можни награди, а таа песна се уште е меѓу омилените фолк песни на македонската публика.

Тој зад себе остави 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк Фест „Валандово“ му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.

Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач Никола Бадев на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостуваше на публиката во Европа, Америка и Австралија. Учествуваше редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица, Гоце прави концерт на стадионот „Младост“ и собра 10.000 публика, а првите луѓе на градот му ја дават наградата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и за почесен граѓанин на Струмица.

Во малиот Градски парк во центарот на Струмица, спроти неговиот дом, Општина Струмица му постави споменик, уметничко дело на нашиот најталентиран уметник и професор по ликовно, Митко Тошев, за Гоцевата заслуга како и големиот придонес во фолк музиката.

Strumicanet.com

Поврзани вести

Двејн Џонсон го прeпишува својот успех на позитивното размислување

Двејн Џонсон, познат како Карпа, го припишува својот успех на неверојатната работна етика што ја научил од својот татко.  „Како професионален борач пред секој натпревар се молеше за сила...

Боровинките го намалуваат ризикот од проблеми со срцето

Постојат различни производи кои можат успешно да ја преземат титулата „добри за срцето“, но постои едно овошје кое навистина го штити вашиот „мотор“ доживотно, пишува сајтот „Јади ова, не тоа“.

Слушањето музика ја ублажува менопаузата

Одамна е познато дека музиката има лековито дејство. Помага во ослободувањето на хормоните на среќата како окситоцин, допамин, серотонин и ендорфин.  Новото истражување сугерира дека музиката може да ја олесни...

Го лажела шефот дека има корона, само за да оди на забава – пријателите ја снимале, доби отказ!

Младата девојка наскоро би можела да остане без работа откако било откриено дека лажела дека има круна за да може да оди на роденден на пријателка. Таа реши да ја сподели својата приказна...

Најважното

Претпладне променливо облачно со повремен слаб снег – во текот на денот облачноста ќе се намалува

Претпладне променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува....

СЕДНИЦА ВЛАДА: Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари; Донесена е Програмата на економски реформи 2022 – 2024 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната 8 седница донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните...

1.908 нов случај на ковид-19 – пријавени 26 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.834...

Николоски: Заев доби датум за скијање на Шамони, но Македонија не доби датум за старт на преговори

Суштинското прашање е зошто актуелната политичка елита дозволи да ова стане прашање број еден, покрај билатералните односи и во државата? Одговорите можат...

За прв пат во Македонија изведена трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад 34 годишен пациент со...