AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

10 реченици што никако не смеете да ги кажете на лице кое е ослабено!

Живееме во време на социјални мрежи кои промовираат совршен изглед, многумина се опседнати со тежината и имаат потреба да коментираат за изгледот на другите луѓе.

Но, дури и добронамерните коментари може да бидат погрешно разбрани. Најчесто затоа што никогаш не ја знаеме вистинската причина зошто некој изгубил тежина, пишува Lifehacker и носи листа на реченици кои подобро да се премолчат.

Изгледаш одлично, дали ослабе?

Иако оваа изјава изгледа добронамерна, таа всушност укажува дека е подобро да се биде потенок, што не зборува во прилог на позитивен став кон телото.

„Имајте на ум дека некои луѓе можат да ослабат поради депресија, стрес или дури и нарушувања во исхраната“ – објаснува диететичарот Мелаини Роџерс.

Ако не сте сигурни дали нечие губење на тежината е резултат на здрав начин на живот и промена на навиките и како ќе го прифати овој коментар, подобро да се воздржите од кажување како изгледа сега подобро отколку порано.

Знаеш дека немаше прекумерна тежина?

Иако можеби велите дека некој изгледал убаво и пред да ослабне, вие всушност велите дека се очекува да изгледа како што треба.

Од друга страна, ако некој се обидува да ослабне, зошто би им ги рушиле нивните досегашни напори со тоа што ќе го кажете?

Колку килограми изгуби?

Внимавајте со бројките. Имено, кога слабеете, килограмите и калориите можат да донесат со себе одреден емоционален притисок.

Така, може да изгледа како да ја омаловажувате нечија работа.

Која е тајната?

Со поставување на ова прашање, го уништувате целиот напор што некој го вложува за губење тежина. Впрочем, секој организам е приказна за себе, и нема тајна.

Мило ми е, навистина изгледаш многу подобро!

Избегнувајте се што може да го навреди нечиј претходен изглед, спакувајќи го во комплимент.

Се уште се работи за истиот човек, без разлика колку килограми има.

Уште колку килограми треба да изгубиш?

Ова укажува дека тој/таа се уште треба да работи на губење на тежината, па затоа најдобро е да го прескокнете овој коментар.

Како да не си истата личност

Овој вид коментар е меч со две острици затоа што му давате простор на соговорникот да праша во која смисла е различна личност – добар или лош контекст?

Кога некој губи многу тежина, му треба долго време да се навикне на новиот одраз во огледалото. Таквиот коментар го отежнува процесот.

Имаш толку среќа!

Со оваа реченица, или ја намалувате неговата работа или немате чувство дека некој може да ослабе непланирано, од неколку причини што ги споменавме погоре.

Ајде, сега може да јадеш торта!

Сигурно не сте некој што може да каже на другите што может или не, и опасно е да ја прикажеме храната како нешто што другите го заработиле на овој или оној начин. Најдобро е да не коментирате што некој јаде.

Изгледаш премногу слабо!

Иако можеби сакате да кажете колку се плашите од тоа некој да се однесува како да има здравствени проблеми, подобро е да го преформулирате ова прашање и да прашате како се чувствува во последно време.