Десет лица се убиени во јужната иранска провинција Керман во напад со нож од страна на ментално нестабилен маж уапсен од полицијата, објавија денеска државните медиуми на земјата, цитирани од АФП.
„Маж со авганистанско потекло уби десет лица од лични причини во градот Рафсанџан“, објави Хосеин Резаи, вршител на должноста градоначалник на градот, цитиран од новинската агенција на Исламската република (ИРНА). Шест авганистански државјани и четворица Иранци загинаа во нападот, а еден е ранет, рече тој.
Според ИРНА, осомничениот бил уапсен додека се обидувал да ја напушти провинцијата Керман. Државната радио и телевизија ИРИБ додава дека уапсениот, чиј идентитет не е соопштен, е психички нестабилен и наркоман.