Македонија

114 кривични пријави за пренесување заразна болест и 451 прекршочна пријава за неносење заштитна опрема

Според информациите од МВР, во текот на денот биле поднесени 114 кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик, кои се однесуваат на дела со кои се овозможува пренесување заразна болест, како и 451 прекршочна пријава по членот 6 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба.

Припадниците на МВР во текот на денот извршија контроли и на лицата кои се во самоизолација, а Владата беше информирана дека во текот на наредните два дена ќе биде зголемен бројот на припадниците на министерството на терен, особено во градовите туристички дестинации во земјата.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни