Македонија

12-годишна ќерка се грижи за болната мајка – Себајете бара помош за да не ги остави децата сираци

12-годишната Фљутура Бислими од Тетово, секој ден откако ќе се врати од училиште ѝ ја подготвува терапијата на нејзината мајка која веќе пет години боледува од тумор на мал мозок. Нема време да се игра со другарчињата, бидејќи целото време го поминува грижејќи се за мајка ѝ. Малата Фљутура понекогаш дури готви и ја чисти куќата.

Терапијата на нејзината мајка, Себајете чини 3 илјади евра, но не можат да ја купат.

Домаќинот Фесар Бислими не беше дома. Тој нема постојана работа, туку работи што ќе најде. Во последно време за да заработи некој денар сече дрва. 17-годишниот брат на Фљутура заминал на изучување занает. Семејството Бислими од Тетово бара од хуманите луѓе кој колку може да им помогне, барем да можат да ја обезбедат неопходната терапија за Себајете.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни