Вкупно 120 лица се повредени при минување на тајфунот Нанмадол во Јапонија, јавува јапонската телевизија NHK. Две лица загинаа, по едно се трага, јави БТА.
Тајфунот најпрво го погоди југозападниот дел од земјата, со обилни дождови и ветрови .
Бурата сега е во близина на брегот на префектурата Ивате на брегот на Тихиот Океан и се движи во североисточен правец со брзина од 75 километри на час. Неговите налети на ветерот достигнуваат и до 35 метри во секунда.
На многу места во земјата е објавено предупредување за обилни дождови предизвикани од тајфунот .
Синоптичарите предупредуваат и на големи бранови кои можат да достигнат 6-7 метри во централните и североисточните делови од земјава.
Откажани се фериботите и над 70 летови.