Македонија

124 лица не го почитувале полицискиот час, приведени 79 лица

Во текот на изминатото деноноќие (25/26.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата  држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени  се  79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  18 прекршоци.  За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни