Франција е под засилена полициска контрола поради финалето на Светското првенство меѓу Франција и Аргентина.
14.000 полицајци и жандармерија ги чуваат француските улици.
Прославите за Мундијалот ќе започнат од Шанзелизе.
Францускиот претседател Емануел Макрон двапати патуваше во последните два дена за да ја следи репрезентацијата. За ова шефот на француската држава беше остро осуден.
А доцна во саботата слета во Катар за финалето на Светското првенство. Со него патуваа голем број француски ѕвезди и спортисти.