14 години од трагичната несреќа во која загина Тоше Проески

Познатиот македонски пејач Тоше Проески трагично го загуби животот на 26 -годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Хрватска.

Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан, а многумина и денес, 14 години подоцна, не можат да се помират со големата загуба.

Бројните колеги на Тоше од година во година со емотивни зборови ја одбележуваат годишнината од неговата смрт и ја искажуваат својата тага за прекумерната загуба преку социјалните мрежи, а малку е познато дека една од неговите колеги и блиски пријатели, македонската пејачка Елена Ристеска, била последнато лице со кое Тоше се слушнал по телефон пред да тргне на фаталното патување.

Како што Ристеска истакна во една прилика за медиумите, таа била сигурна дека Тоше има претчувство дека ќе се случи нешто лошо, откако тој и кажал зборови во нивниот последен разговор што изгледале како да навестува нешто.

„Се сакавме. Секогаш разговаравме за се долго време, тој дури и ми се јави од Австралија. Исто така, разговаравме таа кобна ноќ пред да замине за Хрватска, и јас се уште тврдам дека чувствувал дека нешто лошо ќе се случи. На крајот од разговорот, тој ми рече дека ќе се видиме за неколку дена, но длабоко воздивна кога рече: „Ако Господ дозволи“. Во тој момент не ми беше чудно, се додека следниот ден не се разбудив и дознав дека починал. Кога мајка ми, во неверување, рече дека се случила несреќа, знаев дека е вистина“ – изјави таа и додаде дека по неговата смрт не одржала ниту еден концерт без да отпее барем една од неговите песни.