Која земја е најубава на светот? Таа во која сме родени или таа што ја откриваме во текот на животот? А можеби онаа која никогаш не сме имале можност да ја посетиме, но според фотографиите кои ги видовме ни изгледа најубава?
Иако е познато дека убавината е во очите на набљудувачите, нема сомнеж дека постојат земји чии природни убавини се во прв план и кои со право се сметаат за најубави на светот.
Прекрасни планини, плажи покриени со ситен бел песок, каскадни водопади, изобилство од диви животни и многу повеќе, се причините поради кои Travelandleisure ги издвои овие 15 земји и ги вклучи во листата на најубави на светот.
- Исланд
Бујните водопади и плажите со црн песок, но и изобилството на природни феномени го прават Исланд препознатлив. Во текот на зимските месеци посетителите ќе имаат можност да ја видат неверојатната светлина над замрзнатите водопади. Во текот на летото ќе уживаат во топлите извори и полноќното сонце.
- Франција
Врвовите на француската Апла под снегот, гламурозната француска ривиера и Прованса со лозјата и полињата со лаванда, ја прават Франција една од најубавите земји во светот. И кога ќе го додадете вкусот на познатите француски сирења и вина, нема ништо поубаво.
- Индонезија
Земјата на илјада острови е позната по бројните природни убавини. Зелените терасовидни оризови полиња, густите шуми и прекрасните плажи се одговорни за пејзажите кои никогаш никого не оставаат рамнодушен. Островот Бали е една од најпознатите дестинации.
- Соединетите Американски Држави
Земја на контрасти и може да се пофали со интересни пејзажи. Прекрасниот Гранд Кањон, снежните врвови на Алјаска, песочните плажи и тиркизното море на Флорида се само дел од дестинациите кои придонеле за оваа листа.
- Малдиви
Ако го замислите рајот, многу веројатно потсетува на Малдиви. Пространите плажи покриени со бел, ситен песок, тиркизно сино и чисто море, а пред се мирот што владее овде, помогнаа Малдивите да станат една од најубавите дестинации во светот.
- Италија
Кога една земја има Тоскана со бескрајни лозја, Венеција, Доломитите и брегот Амалфи, не е лесно да се одлучи кој дел од Италија прво да се посети. Но, едно е сигурно, секој што ќе го посети еднаш, ќе сака да го прави повторно и повторно.
- Швајцарија
Планините што го одземаат здивот, блескавите езера преполни со планински села и скијачки центри, ја прават Швајцарија една од омилените дестинации за љубителите на скијање и планинарење. Во текот на зимата целата земја изгледа како снежен глобус, додека во лето убавината на швајцарските пејзажи се открива во полн сјај.
- Јапонија
Бамбусовите шуми и релаксирачките топли извори, но и древните планини на Фиџи и тропските плажи, се во Јапонија. И многу повеќе од тоа. Времето кога цветаат црешите е идеално за посета на оваа земја.
- Костарика
Познато е дека земјата има неверојатен биодиверзитет, па не е чудно што љубителите на природата ја избираат. Водопади, вулкани и бројни диви животни, но и прекрасни плажи, се само дел од причините поради кои Костарика се најде на листата на најубави земји во светот.
- Непал
Иако земјата има што да понуди, Непал е надалеку познат пред се по познатиот Монт Еверест, но и по тоа што осум од десетте највисоки планински врвови во светот се наоѓаат токму во таа земја.
- Перу
Планините Андите и амазонската прашума се сосема доволна причина за патување во Перу. Токму во оваа земја се наоѓа единствената природна пустинска оаза во Јужна Америка, Хуакачина.
- Обединетото Кралство
Лондон, Манчестер и Единбург можеби се најчесто посетувани од туристите кога патуваат низ ОК, иако земјата има многу повеќе да понуди.
- Република Јужна Африка
Импресивните пејсажи се она што се смета за главна карактеристика на оваа дестинација. Без разлика дали патниците сакаат сафари или ќе го запознаат винарскиот дел од земјата, тие ќе уживаат во пејзажите што ги опкружуваат.
- Танзанија
Иако е една од најпопуларните дестинации за сафари, Танзанија може да се пофали и со неколку национални паркови, вулкан и прекрасен брег, но и остров како Занзибар.
- Нов Зеланд
Земјата во која можете да скијате и крстарите по фјордовите, да уживате во убавините на геотермалните феномени и да им се восхитувате на глечерите, очекувано е на листата на најубави во светот.
