Петнаесет војници загинаа, а еден е ранет во серија експлозии на мини вчераутро во Буркина Фасо, јавија ДПА и БТА, повикувајќи се на информации од вооружените сили на земјата.
Армијата соопшти дека возило кое било дел од воен конвој удрило во мина на северот на земјата. За време на првичната операција за спасување, беше детонирана втора мина, веројатно активирана од далечина, се додава во соопштението на армијата.
Буркина Фасо, со население од околу 21 милион луѓе, е зафатена од тешка хуманитарна и политичка криза од 2019 година. Таму, како и во соседните Мали и Нигер, активни се вооружени групи, од кои некои се лојални на терористичките групи „Исламска држава“ или „Ал Каеда“.
Ситуацијата дополнително се влошува со долготрајните суши и гладот. Од пучот во јануари, Буркина Фасо е управувана од војската.