Седумнаесет партии ги доставија своите кандидатски листи за претстојните парламентарни избори на 8 мај до Државната изборна комисија.
Рокот за доставување истече до вчера до полноќ а последни што ја доставиле листите нешто пред полноќ се од партијата Нова Алтернатива на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, а меѓу листите се и од партијата Десна на Љупчо Палевски Палчо кој е во екстрадиционен притвор во Турција.
Државната изборна комисија треба да ти утврди овие листи, а оттаму соопштија дека во тек е проверка дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат условите да бидат на кандидатски листи.
Исто како и за претседателските и за редоследот на партиите ќе се одлучува на ждрепка која ќе се одржи во ДИК, но според последните измени на Изборниот законик партијата која поддржува претседателски кандидат го задржува истиот реден број и за парламентарни избори.