Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

На 06.09.2026 околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште, светиниколско, управувајќи патничко возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот, Т.Д. починала.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. 

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни