Македонија

19 заразени деца со коронавирус хоспитализирани – најмладиот четири неделно бебе…

Состојбата со Ковид-19 во Детската болница Козле е стабилна, уверува директорот Бесник Зеќири. Како што вели, во моментов во нивните болнички капацитети се лекуваат 19 деца заразени од коронавирус.

Најмладиот хоспитализиран пациент има само 4 недели, а највозрасниот е на 16 годишна возраст.

Четири деца се на кислородна поддршка. Зеќири ги повика родителите да се вакцинираат, со цел да се спречи пренесувањето на вирусот кај децата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни