МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-2 Берово, 2 Лазарополе, 3 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови, 4 Тетово, 5 Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје-Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија, 10 Дојран.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и студено со мала до умерена локална облачност претежно во Повардарието. Дува слаб ветер од променлив правец, а магливо е во делови од скопската котлина.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена.