Македонија

Јаневска: Не ја гледам логиката студентите да протестираат за мерка со која добиваат повеќе

Јаневска: Не ја гледам логиката студентите да протестираат за мерка со која добиваат повеќе

Министерката за образование и наука Весна Јаневска не гледа причина за најавениот студентски протест поврзан со измените на мерката за студентски оброк, оценувајќи дека со предложеното решение на студентите им се нуди повеќе од она што во моментов го добиваат.

Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за време на натпреварот за бизнис-идеи на средношколци, посочи дека протестот е загарантирано право, но изрази неразбирање за незадоволството од најавените измени.

„Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката“, изјави Јаневска.

Во однос на промените поврзани со студентскиот оброк, министерката информираше дека веќе е формирана работна група која интензивно работи на изнаоѓање соодветно решение.

Таа посочи дека е во комуникација со релевантните студентски собранија и изрази очекување дека процесот наскоро ќе биде заокружен.

Јаневска додаде дека Министерството за образование и наука продолжува со вложувањата во подобрување на студентскиот стандард, преку инвестиции во студентските домови, поддршка на научноистражувачката дејност и други мерки наменети за младите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни