Свет

20 се веќе жртви на рускиот ракетен оган во Днепар

20 се веќе жртви на рускиот ракетен оган во Днепар

Властите во Украина соопштија дека како последица на рускиот удар во Днепар веќе загинале 20 лица.

„20 невини жртви“, напиша регионалниот гувернер Валентин Резниченко на својот Фејсбук профил. На лице место продолжува расчистувањето на шут.

Не се знае судбината на уште десетици луѓе.

Русите погодија висока зграда во Днепар со ракета Х-22 наменета за уништување на групи носачи на авиони на море.

Во градот Днипро властите прогласија тридневна жалост за загинатите како последица на рускиот ракетен напад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни