Македонија

Продолжува потрагата по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар, активирани специјализирани тимови

Продолжува потрагата по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар, активирани специјализирани тимови

Дирекцијата за заштита и спасување повторно ги активираше специјализираните тимови во потрагата по лицето што исчезна во реката Вардар кај Гостивар, на барање на Министерството за внатрешни работи, соопшти институцијата.

Во теренските активности учествува и заменик директорот на Дирекцијата, Кашмир Салиу.

Во потрагата е ангажиран Тимот за брз одговор за спасување на води, со логистичка поддршка од Подрачното одделение на Дирекцијата во Гостивар.

Пребарувањето се одвива по течението на реката Вардар, почнувајќи од критичните точки во градот и продолжувајќи кон низводните подрачја. Акцијата се спроведува во координација со полицијата и локалните служби.

Од Дирекцијата упатуваат апел до граѓаните, доколку имаат какви и да е информации за исчезнатото лице или забележат нешто покрај коритото на реката, веднаш да пријават во полиција или на телефонскиот број 112.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни