Живот

21-годишен Италијанец запомни број од 630 цифри

21-годишниот Италијанец Андреа Муци успеа да запомни неверојатна бројка од 630 цифри за само пет минути.

Организаторот на натпреварот „Мемори Екс-Ел“ (Memory XL), проф. Штефан Битов вели дека доколку неговото достигнување е официјално признато, тоа ќе биде светски рекорд.

Младиот Италијанец победи на натпреварот што се одржа во Торгелоу, источна Германија, со рекордни 8594 поени.

На настанот учество зедоа 1.700 луѓе од пет земји. Натпреварувачите требаше да покажат вештини за помнење слики, зборови и една долга низа броеви.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни