Балкан

22-годишник од Македонија се удави на црногорска плажа – дошол на сезонска работа

Младо момче од Македонија се удави вчера околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар, јавува порталот Приморски.ме.

Според информациите на овој портал, 22-годишниот млад човек денеска пристигнал во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи сезонски.

На телото немало траги на насилство.

Треба да се утврди причината за смртта, а обвинителот ќе нареди обдукција пренесе порталот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни