Свет

23-годишна девојка почина сред операција во Италија: Бесните роднини ги нападнале докторите со боксови (ВИДЕО)

23-годишна девојка почина сред операција во Италија: Бесните роднини ги нападнале докторите со боксови (ВИДЕО)

23-годишна девојка почина сред операција во италијанскиот град Черињола. Кога ја чуле тажната вест нејзините роднини со боксови ги нападнале вработените во клиниката.

Педесетина луѓе упаднале во одделението, а дваесетина од нив се судриле со медицинскиот персонал. Хирургот бил удрен со тупаница во лицето и се здобил со рани. Исто така му ја скршиле раката на еден лекар. Другиот персонал успеал да се скрие и да повика полиција.

Полицајците дошле и веднаш започнале истрага за овој инцидент.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни