Македонија

230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем

230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем

Министерството за финансии информира дека е извршен нов финансиски трансфер во насока на поддршка на домашната економија, со што продолжува динамиката на пласирање средства за инвестиции во приватниот сектор.

Во најновата исплата, од централниот Буџет кон Развојна банка на Македонија се префрлени 131 милион денари, средства наменети за финансирање на проекти на домашните компании.

Со оваа последна транша, која е реализирана на крајот од минатиот месец, вкупниот износ на средства пласирани во економијата за поддршка на инвестициски активности достигнува 14,1 милијарда денари, односно околу 230 милиони евра.

Станува збор за реализација од 92% од кредитната линија обезбедена од Владата преку унгарската Експорт-импорт банка, чија цел е унапредување на инвестициската активност и зајакнување на домашниот бизнис сектор.

Средствата се пласираат до компаниите преку комерцијалните банки под поволни услови – со каматна стапка од 1,95% годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години.

Вкупната рамка предвидена во Буџетот за поддршка на домашните компании изнесува 250 милиони евра, додека целокупниот инвестициски циклус се проценува на околу 300 милиони евра, што се очекува да има директен ефект врз економскиот раст и новите инвестиции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни