24 годишниот Ресенчанец кој вчера почина од корона потпишал дека ја напушта болницата на своја одговорност

Потпишал на своја одговорност дека ја напушта болницата, велат од Министерството за здравство за 24 годишното момче од Ресен кое вчера почина од коронавирус.

„Тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација, веднаш на пациентот му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка. Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување. По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен“, велат од Министерството за здравство.

Момчето на 15 август правело свадба во хотел во Ресен, а вчера наполнил 24 години.

Следниот ден, на 25 август,  тој  е донесен од Општата болница во Охрид за хоспитализација во Клиничката болница во Битола.

„Веднаш е хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото, и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал“, велат од Министерството  за здравство.