Македонија

25-годишник дивеел во казино во Охрид, скршил апарат, потоа го нападнал и обезбедувањето

На 29.12.2018 година во 02,45 часот во казино на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир од страна на Љ.Т.(25) од охридското село Лескоец, кој со рака скршил еден електронски апарат, по што физички го нападнал Г.Д.(41), работник на обезбедување на казиното, кој се обидел да го спречи во понатамошното оштетување на апаратите. Сторителот на нарушувањето е приведен и против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни