Македонија

УХМР предупредува на силен ветер: Следуваат дожд, снег на планините и температури до минус шест степени

УХМР предупредува на силен ветер: Следуваат дожд, снег на планините и температури до минус шест степени

Силен ветер со брзина над 70 километри на час, дожд и снег на планините најавува Управата за хидрометеоролошки работи за понеделник, 23 ноември. Во прогнозата е означено портокалово ниво на предупредување поради ветерот, особено во западните делови од земјава.

Во текот на ноќта врнежите ќе започнат на запад, а потоа ќе се прошират насекаде. Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои повисоки места ќе има дожд и снег, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува засилен ветер, кој во текот на ноќта повремено ќе биде силен и на моменти ќе надминува 70 километри на час. Претпладне ветерот ќе биде западен, а попладне северен. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9, а максималните од 11 до 19 степени.

Во вторник ќе биде сончево и постудено, со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се спуштат до минус 4 степени, додека дневните ќе бидат од 6 до 14 степени.

Најниска утринска температура во овој период се очекува во среда, кога на места ќе се спушти до минус 6 степени. Ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност и услови за утринска магла. Кон крајот на денот во западните делови ќе има дожд, а на планините снег. Максималните температури ќе достигнат од 8 до 14 степени.

Во четврток се очекува претежно облачно време со дожд, а на повисоките места и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, а температурите ќе се движат од минус 2 до 6 степени наутро и од 5 до 11 степени во текот на денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни