Македонија

25-годишник убиен во Скопје – бил застрелан со повеќе куршуми

25-годишник убиен во Скопје – бил застрелан со повеќе куршуми

Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопската населба Дуќанџик, објави порталот „Па Ценсуре“.

Според првичните и засега неофицијални информации, мажот бил застрелан, при што се здобил со повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.

По пукањето, повредениот со екипа на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

И покрај обидите на лекарите да му биде укажана медицинска помош, тој им подлегнал на повредите.

Засега нема официјални информации за околностите под кои се случило пукањето, ниту за евентуалниот сторител.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на денот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни