Македонија

260 вакцинирани лица починале во Македонија од Ковид-19 од август до сега

Во период од 06.08 до 21.10.2021 на територија на државата 42.945 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 26% биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица.

Смртноста од вирусот Ковид-19 е голема во Македонија. За жал трендот на секојдневни големи бројки на починати пациенти продолжува.

Според статистика за изминатиов период 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCoV2.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни