27 годишен скопјанец со „сузуки 750“ излетал од патот Скопје- ХЕЦ Козјак – со тешки повреди итно хоспитализиран

На 27.08.2021 околу 18,00 часот на регионален пат Скопје- ХЕЦ Козјак Б.А. (27) од Скопје управувајќи мотоцикл „сузуки 750“ со скопски регистарски ознаки паднал на коловозот.

По незгодата Б.А. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.