Свет

280 пожарникари го гаселе страшниот пожар во 42-катна зграда Чангша

280 пожарникари го гаселе страшниот пожар во 42-катна зграда Чангша

Двеста и осумдесет пожарникари го гаснеа огнот што избувна во зграда висока над 200 метри во кинескиот град Чангша.

Зградата е во сопственост на „Чајна телеком“, една од најголемите кинески телекомуникациски компании.

Сè уште не се познати причини за пожарот во 42-катниот облакодер.

Нема информации за евентуални жртви во пожарот.

Иако „Чајна телеком“ соопшти дека поради пожарот не се во прекин телекомуникациските услуги, голем број претплатници се пожалија дека немаат сигнал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни