Македонија

29-годишен Охриѓанец приведен во Струга, бил затекнат во автомобил како користи дрога

29-годишен Охриѓанец приведен во Струга, бил затекнат во автомобил како користи дрога
Фото: 4news.mk

29-годишен жител на Охрид бил лишен од слобода во Струга, откако полицијата го затекнала во автомобил со кафеава прашкаста материја.

Од СВР Охрид информираат дека вчера околу 22 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишиле од слобода П.М. (29) од Охрид.

Според информациите, полициските службеници го затекнале 29-годишникот во паркиран автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, при користење кафеава прашкаста материја.

По целосното документирање на случајот, против П.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни