Свет

3-годишно девојче во САД пронашло пиштол во спалната соба и случајно ја убила својата сестра

3-годишно девојче во САД пронашло пиштол во спалната соба и случајно ја убила својата сестра

Тригодишно девојче пронашло наполнет пиштол во дом во Тексас и случајно ја застрелало својата четиригодишна сестра. Девојчето починало, пренесува CBS.

Шерифот на округот Харис Ед Гонзалес изјави дека инцидентот се случил вчера околу 20 часот и дека девојчињата биле во спалната соба во станот во Хјустон каде што живееле со своите родители. Со нив во домаќинството живееле и други членови на семејството.

Девојката пронашла наполнет пиштол

Девојчињата биле во спална соба без родителски надзор кога 3-годишното девојче пронашло наполнет полуавтоматски пиштол и испукало една куршума кон нејзината сестра, изјави шерифот.

Откако го слушнале истрелот, родителите се упатиле кон спалната соба и го нашле четиригодишното девојче на подот. Девојчето починало на лице место. По инцидентот семејството веднаш повикало полиција и брза помош.

„Има премногу вакви трагедии“

Окружното обвинителство на округот Харис по истрагата ќе одлучи дали некој од родителите или другите членови на семејството ќе се соочат со обвиненија. Истрагата се уште е во прелиминарна фаза, рече шерифот.

„Кога детето ќе го загуби животот на овој начин, заедницата е засегната. Оваа трагедија е една од многуте што можеше да се избегне. Продолжуваме да испраќаме порака дека ова може да се спречи.

Мора да бидете одговорен сопственик на пиштол и мора да го чувате на безбедно место. Тоа е повеќе од кажување на малите деца да не допираат пиштоли. Мораме да направиме уште малку. Има премногу вакви трагедии“, рекол шерифот Гонзалес, пренесува CBS.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни