3 работи од кои Џенифер Лопез се одрекла поради изгледот

На Џенифер Лопез (52) би и позавиделе нејзините помлади колешки, а латино дивата неодамна откри која рутина за убавина ја преферира.

Покрај тоа, таа нагласи дека строго избегнува одредени работи за младешки изглед.

Кофеинот

Многу луѓе не можат да замислат ден без шолја кафе, но латино дивата не е меѓу нив. Џенифер Лопез живее без кофеин за да изгледа помладо.

Освен тоа, латино дивата максимално бега од стресот, а познато е дека многу жени кои се под стрес пијат огромни количества кофеин.

Иако новото истражување покажа дека консумирањето кафе има свои предности, пиењето повеќе од три шолји дневно го зголемува ризикот од срцев удар и проблеми со варењето.

Недостаток на спиење

Квалитетниот сон го забавува стареењето и ја намалува анксиозноста.

Добриот начин на живот и грижата за менталното здравје се клучот за успехот за младешки изглед.

Џеј Ло беше таа која со својот начин на живот и прифаќањето на нејзините облини ги постави темелите на многу млади жени кои сè уште се борат да го најдат вистинскиот пат за прифаќање на нивните тела.

Алкохол

За многумина не е на одмет и пиење чаша вино, но Џенифер избегнува и алкохол. Се обидува да јаде здрава храна, внесува доволно вода и медитира секое утро.

Последиците од прекумерното консумирање алкохол се попогубни за жените отколку за мажите. Ако сакате здрава кожа, затегнато тело и добар изглед во педесеттите години, можеби ќе треба одвреме-навреме да се откажете од алкохолот.

Резултатите ќе ви покажат дека ова не е толку лоша одлука.