3 салати кои најдобро одат со скара, а една е одлична и за мамурлак: Се прават за 5 минути, а имаат феноменален вкус

Ви пренесуваме рецепти за 3 прекрасни салати кои одлично се комбинираат со скарата, а се идеален избор за првомајските празници!

Бела салата со тестенини

Состојки:

  • 500 гр тестенини (лушпи, лакови или помали макарони)
  • 300 гр прашка шунка
  • 100 гр филе или сув врат
  • 150 гр сирење (може и кашкавал)
  • 3 варени јајца
  • 500 гр печурки
  • 10 кисели краставички
  • 2 дл павлака
  • 250 гр јогурт
  • 100 гр мајонез
  • 1 лажица свежо оригано
  • 1 лажичка бел пипер
  • сол по вкус

Подготовка:

Сварете ги тестенините во солена вода, процедете ги и изладете ги под млаз ладна вода, а потоа добро исцедете ги. Направете прелив од павлака, јогурт и мајонез, зачинете по вкус и додајте топли тестенини. На малку путер пропржете ги исецканите печурки. Шунката и сувиот врат исечкајте ги на коцки. Сирењето изрендајте го крупно. Варените јајца и краставиците исечкајте ги на коцки. Додадете сè во тестенините и нежно измешајте. Пред да ја послужите салатата ставете ја во фрижидер добро да се излади.

Салатата треба да биде сочна. Сметајте на тоа дека тестенините со текот на времето ќе ги впијат соковите од салатата, па затоа секогаш треба да додадете јогурт (ако ви се допаѓа повеќе кисел вкус) или неутрална павлака пред сервирање.

Салата против мамурлак

Состојки:

  • 2 моркови
  • 1 корен од рен
  • 1 целер
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чаша јаболков оцет

Подготовка:

Се се чисти, ситно се ренда и се меша, па се прелива со лажица маслиново масло и шолја јаболков оцет. Се јаде веднаш по подготовката.

Сафари салата

Состојки:

  • 100 гр мајонез
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица рен
  • 2 лажици кечап
  • магдонос
  • Вустершир сос (опционално)
  • сок од лимон
  • 1 чешне лук (ситно рендано)
  • 1 шолја виски
  • 200 гр свинско филе или бело месо или шунка

Подготовка:

Измешајте сè, освен месниот дел, во компактен сос со жица за матење. Месниот дел исечкајте го на коцки или сомелете го во блендер и додајте го во сосот. Послужете со тост леб.