Македонија

30 бегалци никогаш не се вратија во Косово, меѓу нив и шестмесечно бебе кое е погребано во Гостивар

Многу Албанци од Косово беа принудени да ги напуштат своите огништа за да се спасат од масакрот во војната во 1999. Деца, жени и старци ја поминаа границата без да знаат каде ќе се засолнат. За нив вратите од своите домови ги отворија Албанците од Македонија. Абиљ Идризи се сеќава на деновите во 1999 година кога во неговата куќа згрижил семејство од Косово. Се уште ги чува фотографиите.

– Тогаш во нашата куќа се смести семејството Брахими, семејството на Муј Брахими од Урошевац, беа брачен пар со три мали деца, Бесник, Беким и нивната ќерка. Беа кај нас до враќањето на бегалците, што значи до средина на јуни- вели Идризи.

На овој простор е отворен и камп за бегалци во селото Чегране  во Гостивар. Тука беа сместени над 57 илјади Албанци од Косово. Меѓутоа не се вратија сите во своите домови во Косово. 23 лица поради болест починале во селото Чегране каде и биле погребани. 7 други лица починале во Форино. Претседателот на месната заедница на Чегране, Сабри Бафќари рече дека меѓу нив имало и 6 месечно бебе.

-Мухамед Рамадани кој беше од Прешево, во тоа време беше во кампот во Чегране заедно со неговото семејство, за жал ќерката му се разболе и имаше многу висока температура. Малата Михрије, која беше една од многуте кои се разболуваа од висока температура, беше однесена во тетовката болница, каде за жал и почина.-вели Бафќари.

Во нивна чест, бидејќи не успеале да се вратат живи дома, месната заедница на Чегране, во јули оваа година ќе организира манифестација и посета на вечните почивалишта на Албанците од Косово кои починаа во Чегране и Форино.

-Ова манифестација која ние ќе ја организираме, ќе се одржува од средината на мај, до почеток на август, со што дополнително ќе ја известиме јавноста. Предвидовме да организираме и посета на гробиштата на нашите браќа од Косово, кои починаа во Кампот во Чегране- рече Џелили.

Во војната во Косово беа протерани 800 илјади Албанци, а беа убиени 15 илјади лица.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни