Државната изборна комисија на прес-конференција бараше од медиумите и партиите да се воздржат од сите активности и прес-конференции за изборите до 19:30 часот.
„Во согласност со изборниот законик, гласањето завршува во 19 часот, и после 19 часот вратите се затвораат. Во врска со гласањето каде се затекнале гласачи во објектот, ДИК смета е добро да им се овозможи да гласаат, па така бараме до 19:30 часот да се воздржат и медиумите и партиите, така што ДИК смета дека е најдобро решение“, рече претседателот Александар Даштевски.
Тој соопшти дека излезноста во 18:30 часот е 49,29%, со тоа што ќе порасне уште со оглед дека не се собрани информации од сите избирачки места.
„Излезноста е 49,29%. За овие избори имавме термални, така што може преоцентот да е 5-6% повисок“, рече Даштевски.
