Македонија

Малолетник од установа за згрижување деца бил сексуално искористен од возрасни лица во стан во Скопје

Малолетник од установа за згрижување деца бил сексуално искористен од возрасни лица во стан во Скопје

Полицијата истражува случај во кој малолетник, кој претходно се оддалечил од установа за згрижување деца, наводно бил сексуално искористен од возрасни лица во стан во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 25 ноември 2026 година, во 14:10 часот, во СВР Скопје случајот бил пријавен од јавната установа за згрижување деца.

Во пријавата било наведено дека малолетникот, по оддалечувањето од установата, во стан имал полови односи со возрасни лица.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни