Македонија

30-дневен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ, ќе му се земе и патната исправа!

30-дневен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ, ќе му се земе и патната исправа!

Кривичниот суд Скопје определи триесетдневен домашен притвор за лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин. Од Судот посочуваат дека исто така на ова лице ќе му биде одземена и патната исправа.

Основното јавно обвинителство Скопје најави дека ќе вложи жалба на ваквата одлука.

Вчера, надлежниот јавен обвинител беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во М-НАВ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни