303 кандидати ќе се борат за градоначалници во 80 општини низ државата. Само две кандидатури за Струга и Охрид кои биле поднесени до ДИК се одбиени. Некој ако се премисли и сака да се повлече од трката, има рок од 48 часа. Арбана Ќерими ги има деталите.
Доколку некој од кандидатите одлучи да се повлече, има рок од 48 часа. Инаку најдоцна до 23 септември ДИК ќе ја утврди единствената листа на кандидати,под кој број ќе настапат политичките партии и независните кандидати.
Инаку останаа уште 7 дена до почетокот на изборната кампања.