Македонија

31 граѓанин на Македонија евакуирани од Авганистан слетаа во Скопје

Триесет и еден македонски граѓанин кои беа сместени во американската воена база во Доха, Катар преку Истанбул вечерва слетаа во Скопје. Ова е втора група Македонци кои пристигнаа, откако рано утрово пристигнаа седум наши граѓани кои работеа таму.

Вкупно 30 луѓе остануваат во Македонија, а еден од нив ќе го продолжи патот кон Босна и Херцеговина.

По слетувањето на аердормот ги пречекаа роднини и пријатели како и колеги кои исто така работеле во Авганистан.

„Ние бевме во воена база. Немавме работа со Талибанците, бевме под контрола на армијата, подоцна не повлекоа безбеднсо и сигурно“, рече еден од евакуираните.

Во Доха има уште неколку наши граѓани кои ќе треба да се вратат до Скопје со некои од комерцијалните летови.

32 македонски граѓаните се наоѓаат во Англија тие беа префрлени таму пред три дена и по завршувањето на епидемиолошките протколи истите ќе се вратат во Македонија.

И уште 7 лица има во Осло, Норвешка кои во текот на следните денови исто така треба да бидат евакуирани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни