32 независни кандидати за градоначалници во повеќе општини собрале потписи, уште 33 собираат

На 30-ти август на полноќ, истекува рокот за собирање потписи на независните кандидати за градоначалници и советнички листи. Според Државната изборна комисија, 32 независни кандидати за градоначалници во повеќе општини и советнички листи собрале потписи, а уште 33 собираат.

Претседателката на ССК, Данела Арсовска најави независна кадидатура за Скопје како и музичарот и бизнисмен, Перо Камиказа, но и со поддршка од Левица. Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски повторно претендира за градски татко, но овој пат како независен.

Социјалдемократите повторно го избраа Петре Шилегов како нивни фафорит за престолнината. ВМРО-ДПМНЕ најави дека во почетокот на идната недела ќе обелодени кој ќе биде нивниот фаворит.

Рокот за поднесување на листите е 11-ти септември.