336 новозаразени со коронавирус, пријавени 17 починати лица и 222 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 222 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г).

Сите пријавени лица се починати во болнички Буслови. Bројот на активни случаи изнесува 12.337