Триесет и шест годишна жена е најмладата жртва на коронавирус во Тетово во изминатите 24 часа каде починаа 10 лица.
„На пациентката при пример само и било констатирана смрт“, вели доктор Гзим Нуредини.
Докторот додава дека најголем дел од починатите доаѓале доцна, а имале и други хронични болести.
Во следните денови во Тетово ќе се отворат и дополнителни пунктови за вакцинација.
Алармантно е и во Гостивар. Градоначалникот д-р Арбен Таравари со апел до граѓаните.
„Апел од нас до сите граѓани, да се придружуваат со сите мерки и апел што повеќе и побрзо да се вакцинираат“, вели градоначалникот на Општина Гостивар