Годинава на Факултетот за Ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дипломирале само тројца студенти.
На апсолвентското табло на ветеринарниот факултет може да се забележат само тројца апсолвенти и дури 36 професори кои ѝ предавале на оваа генерација
“Секоја година, на студиската програма согласно УКИМ и воедно објавениот Конкурс на студиската програма на Ветеринарна медицина Скопје. Квотата за ФВМС се 35 студенти годишно што може фа студираат со партиципација се 200 евра, додека останатите 15 се со школарина 400 евра. Предметите се следствени и предметите се поврзани. Лани се запишани 37 вкупно. Ова на таблото 3ца се апсолвенти 10-ти семестар имаат ушпте цел семестар, не се број на дипломирани и е различен и има студенти од повеќе различни програми. ФВМС има строги критериуми”, велат од факултетот.
– Македонската тажна реалност, вели еден твитерџија под објавата на фотографијата.