39 годишна жена една од петте починати во Тетово изминатите 24 часа – „Невакцинираните се убиваат и себе и другите“

Триесет и девет годишна жена од Тетово е една од петте жртви на коронавирус за само 24 часа во тетовската болница. Жената претходно немала здравствени проблеми, вели за Фактор, д-р  Гзим Нуредини, шеф на Ковид-центарот во Тетово.

Во последното деноноќие имаме 16 нови пациенти поради компликации на корона вирусот. Сега во тетовскиот ковид-центар се лекуваат вкупно 124 пациенти. За жал, од вчера наутро до денеска утринава имаме пет починати пациенти, меѓу кои млада 39-годишна жена. Кај нема има историја на ендокринолошка состојба, станува збор за тироидната жлезда, но мора да потенцирам дека нејзината претходна здравствена состојба е целосно контролирана и без никакви проблеми. Донесена е со сатурација 45, во исклучително тешка состојба и за жал по неколку дневно лекување во болницата, почина. И последните петмина починати се невакцинирани пациенти, вели д-р Ниредини.