4.2 милијарди евра инвестиција во инфраструктурата за транспорт до 2030 година, најави министерот за транспорт Горан Сугарески. Со стратегијата за транспорт во чии рамки се предвидени 104 проекти, содржи изградба на автопати, брзи патишта, железници, гранични премини и друго.
Со овој буџет предвидена е изградба и на железничка линија од станицата во Скопје до аеродром.
Министерот за транспорт и врски, Сугарески истакна дека ќе се почитува предвидениот рок за изградба на автопатиштата. Повеќето од проектите за патишта, според Сугарески, треба да бидат завршени до 2021 година, а до 2025 треба да заврши изградбата на железницата Македонија – Бугарија. Најголемиот дел од овие средства ќе бидат обезбедени преку кредити, ИПА фондовите и буџетот на Република Македонија.
Според Сугарески, крајната цел на Националната стратегија за транспорт е развој на усогласен сектор за транспорт кој ќе биде во согласност со меѓународниот и интегриран во европската мрежа за транспорт.
Сугарески исто така рече дека проектите кои се приоритет ќе бидат завршени во следните 12 години, а тоа е завршување на автопатот Кичево – Охрид, автопатот Скопје – Блаце, изградба на нов автопат Гостивар – Кичево, автопат Крива Паланка – Деве Баир и од Струмица до Бугарија.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ
