AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

4 намирници кои пејачката никогаш не ги јаде: Исхраната на Емина Јаховиќ прави чуда

Пејачката Емина Јаховиќ никого не остава рамнодушен со својот изглед, а и самата признава дека вложила многу труд за да има витка линија. Таа никогаш не пропушта тренинзи, и често објавува фотографии од теретана за да ги мотивира фановите да водат здрав живот.

Овој пат, пејачката одлучи да биде инспирација за жените и да открие и сподели дел од својата диета, односно храната што ја консумирa.

Атрактивната пејачка ги исфрли јаглехидратите, шеќерот, грицките, алкохолот и доцните вечери од својата исхрана. Таа ги замени соковите со обична вода, а нејзината исхрана ја вклучува следната храна: свеж зеленчук и термички обработен зеленчук, месо, вода со лимон, портокал или ѓумбир.

Емина нагласи дека нејзиниот беспрекорен физички изглед се должи и на фактот што избегнува негативни луѓе, но се обидува да биде опкружена со оние што ја сакаат.

Пејачката љубовта кон спортот ја пренесе на своите синови, Јаман се занимава со скијање , додека Јавуз со боречки вештини.