Македонија

41.100 граѓани поднеле барање и чекаат нови лични карти

Пратениците се на одмор, а абер за нивно враќање има дури по 14-ти септември за кога е закажана и првата седница на Собранието по редовните одмори на пратениците.

Дека е блокиран законот и дека граѓаните не се знае како ќе гласаат на избори ниту пак проблемите кои ги имаат со банките, речиси и воопшто не ги засега пратениците.

До денеска, до Министерството за внатрешнир работи пристигнале 41.000 барања за издавање на нови лични карти.

Од кабинетот на собрансикиот спикер Џафери информираа дека првата седница ќе одржи во периодот од 10 до 15 септември но агендата на закони дополнително ќе биде утврдена.

Законот е блокиран од опозицијата со повеќе од 1.500 амандмани, а најголемиот дел 1.200 се поднесени од Левица.

Новите лични карти треба да бидат со „Република Северна Македонија“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни