Македонија

42-годишен мопедист загина на патот Меџитлија – Старавина

42-годишен мопедист загина на патот Меџитлија – Старавина

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера попладне на регионалниот пат Меџитлија – Старавина, каде животот го загубил 42-годишен жител на битолското село Новаци.

Според информациите, Д.Ј.(42) управувал мопед со битолски регистарски ознаки. Во еден момент, од засега непознати причини, тој изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Од здобиените повреди, мопедистот починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, а дополнително се утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни